Отворен изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кичево

Од:

Во Кичево вечерва е отворен изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Воедно се одржа и конвенција на која се претстави заедничкиот кандидат за градоначалник Благоја Деспотовски, а беше промовирана и листата на советници од коалицијата „Кичевчани за Кичево“.

На отворањето на штабот присуствуваа пратениците Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ и Игор Ивановски од СДСМ.

– Мотото „Кичевчани за Кичево“ не обединува сите, не обврзува, не повикува, на 24 март да излеземе на гласање и да прославиме за една историска победа на Кичево како важен и нераскинлив дел од Република Македонија. Политичките разлики тука се надминати во интерес на заедништвото на сите кичевчани, изјави Милошоски.

Двете партии настапуваат заедно во Кичево зашто тоа е, рече Ивановски, од интерес на сите кичевчани.

– Ние тој интерес го почитуваме заради напредокот на градот, стабилноста на Кичево, мултиетничкиот карактер на општината и добрата работа на Советот и на локалната самоуправа. Сите членови на СДСМ и коалицијата ќе го поддржат Деспотовски на изборите за градоначалник. Ги повикувам сите истовремено да гласаат и за заедничката советничка листа, нагласи Ивановски.

Деспотовски истакна дека му е чест што има историска можност, но и должност да ја побара довербата на сите добронамерни кичевчани и од 25 март, како градоначалник на Кичево, да вложи двојни напори за исполнување на неговата програма за целосна урбанизација на градот и заживување на кичевското стопанство.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно