(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски да каже каде во Италија и Германија магистрирал и докторирал?

Од:

Не престанува лажењето на Христијан Мицкоски, извртувањето на вистината и немањето конкретен став за било која тема. Наместо со спинови, како што тоа го прави Мицкоски, ние ќе зборуваме со факти, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Факт број 1: Мицкоски на средбата со премиерот Борисов вели децидидно: Јас сум човек кој што бил стипендист на италијанска влада сум поминал таму магистратурата и докторат во Германија стипендист на германската влада. Така што мислам дека тука немаме никаква дилема.

Иако изјавата е половина на бугарски половина на македонски повеќе е од јасно дека го гледа во очи премиерот Борисов и го лаже.

Факт број 2: Христијан Мицкоски кој дипломирал, магистрирал и доктрорирал на Машинскиот факултет во Скопје, а потоа му станал и асистент на својот татко, вели дека магистрирал и докторирал во Италија и Германија како стипендист на двете пријателски земји.

Го повикуваме јавно Мицкоски да каже каде дипломирал, магистрирал и докторирал и да објасни под кои услови и со кое знаење.

Факт број 3: Мицкоски откако беше фатен безочно да лаже во ретерираше како по обичај и се обиде да спинува и да каже дека бил во Италија и Германија на студиски престој.

Да го потсетиме Мицкоски дека во ниту еден дел од неговата биографија нема наведен кога, каде, и како чиј стипендист бил на студиски престој. Со исклучок на штурите информации дека работел на некакви заеднички студентски проекти, нема никаков друг податок.

Го прашуваме повторно Мицкоски, каде и под кои услови дипломираше, магистрираше и докторираше?

Мицкоски уште еднаш, по којзнае кој пат покажа дека е неискрен и нечесн политичар кон граѓаните. Мицскоски, ги научил лекциите од неговиот ментор, Никола Груевски, секојдневно е со нова лага.

Се што знае Мицкоски се лажни вести, деструкција и неодговорно однесување.“, наведе Костадинов.

Би можело да ве интересира

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата