Изложба „АртМемориам“ посветена на творештвото на најстарата генерација кумановски сликари

Од:

Во организација на Музејот – Куманово вечерва во Уметничката галерија во Куманово ќе биде отворена изложбата „АртМемориам“ посветена на творештвото на најстарата генерација кумановски сликари.

– Изложба посветена на творештвото на најстарата генерација кумановски сликари: Трајко Муфтински, Кирил Караџа, Добри Трендафиловски–Добрин, Трајче Јанчевски, Драгутин Аврамовски-Гуте, Момчило Аврамовски, Верољуб Станковиќ, Тане Атанасовски-Гарски, Владимир Величковски-Кумановски, Момчило Петровски – Моцо, Иван Оцепек и Реџаи Исени. Некои од нив имаа активна и водечка улога во одвивањето на одделни тековите во современата македонска ликовна уметност. Оваа (славна и во естетско/вредносна смисла ненадмината) генерација ги втемелуваше актуелните и доминантни тенденции поврзани со апстрактно/енформелскиот израз, органската апстракција и апстрактниот експресионизам, одделните видови на надреализмот и новата фигурација, одликите на магичниот реализам, но и одблесоците од кубизмот и експресионизмот, соопштуваат од Музејот во Куманово.

На изложбата ќе бидат поставени по неколку дела од секој уметник, а на отворањето ќе биде претставена и книга за нивното творештво со критички осврт кон секој автор поединечно со текст од Гоце Божурски, историчар на уметност и сликар.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска