(ВИДЕО) Ивановски: „Заедно за Струга“ за спречување на радикални политички коалиции

Од:

Со оваа коалиција која во Струга ја направивме не сакавме да дозволиме гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и на останатите политички партии да бидат предмет на пазарење и раситнување. Ова не е моноетничка коалиција, ова што ние го направивиме во Струга е вистинската одбрана за спречување на било какви етнички или радикални политички коалиции, рече на заедничкиот митинг на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Игор Ивановски од СДСМ

„Оваа коалиција е единствениот начин која ќе биде одбраната и браникот на мултиетничноста на Струга.Ова заедништво треба да ја промени Струга која сега ја гледаме во мрак и темница, без улуци, Струга со многу криминал и не безбедна.Оваа коалиција треба да биде модерна и европска.Да на оние кои сметаат дека со нови радикализми, поделби и стари идеји само во нови обланди ние ќе се спротиставиме со програма, добра мисла, и желба да работиме.Оваа коалиција е за сите“, рече Ивановски.


Ивановски рече дека освен за Струга и Кичево тие ќе бидат политички противници

„Она за што ќе се согласиме, е дека кога е Струга во прашање разлики нема да постојат и не треба да има и поради тоа ќе бидеме докрај целосни политички противници освен во Струга.Во преостанатите неколку дена треба да се слуштаа само три збора Струга, Македонија, победа“, рече Ивановски.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Струга настапуваат под слоганот „Заедно за Струга“.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно