Филхармонијата одбележува 75 години од основањето

Од:

Филхармонијата – првиот и единствен симфониски оркестар во земјава е основана на денешен ден пред 75 години.

На 24 ноември 1944 година, само 11 дена по ослободувањето на Скопје, во домот на композиторот Тодор Скаловски на ул. „Крушовска“ бр. 27 бил одржан првиот состанок на група музичари со цел да создадат симфониски оркестар, да го формираат првиот државен оркестар и да стават темели на голема културна институција, прва од таков вид во ослободена Македонија.

Од скромни почетоци, низ седумте децении постоење Филхармонијата прерасна во еден од главните носители на музичкиот живот во земјава, за што придонеле и врвни диригенти и реномирани вокални и инструментални солисти кои настапиле на бројните концерти. Покрај редовните концертни настапи на домашната сцена, симфонискиот оркестар има остварено и голем број гостувања низ светот.

Симфонискиот оркестар повеќепати бил преименуван и приклучуван кон други институции (Национална опера и балет и Македонско радио), за во 1960 година да се конституира во самостојна музичка институција.

По повеќегодишно функционирање во Домот на Армијата, Филхармонијата во 2017 година доби свој дом – современа сала изградена по светски стандарди за акустика и симфониска музика.

Би можело да ве интересира

В четврток свечено отворање на роденденската сезона на Македонска филхармонија

„Легендите живеат вечно“ – концерт во Филхармонија

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Концерт на „Мизар“ и „Хармосини“ во Македонска филхармонија

Aнгелина Димовска-Миташева нова директорка на Филхармонија

Вработените во Филхармонија бараат разрешување на в.д. директорот Лазаровски