Според дневното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје (ИДСЦС) во моментов во Карпош води Стевчо Јакимовски со 33,4 проценти доверба од испитаниците , пред Јагнула Куновска, која има поддршка од 16,3 проценти од испитаниците и Андреј Петров со 11,0 проценти доверба.
12,8 проценти не сакаат да кажат за кого ќе гласаат а 17,0 проценти од испитаниците не знаат кому да го дадат гласот.
23,9 проценти гласот ќе го дадат за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ 13,3, а за СНСМ 4,9 проценти.
Испитувањето на јавното мислење е направено преку телефонска анкета на 14 и 15 март 2013 г. на репрезентативен примерок од 813 испитаници со ± 3,5 % грешка. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериумите за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст и место на живеењеж
„Анкетата го одразува моменталното расположение на граѓаните, кое до изборниот ден може да биде подложно на промени“, велат од МЦМС и ИДСЦС.