ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и Заев партиски се пресметуваат со професионалци од МВР

Од:

Зоран Заев и Оливер Спасовски се во паника oд претстојниот изборен пораз. Стравот е толку голем што посегнуваат по незаконски лоупотреби само за да ја намалат огромната разлика. Спасовски и Заев партиски се пресметуваат со професионалци од МВР, кои не се согласуваат да исполнуваат политички нарачки, а потоа државата го плаќа таквиот реваншизам преку исплата на штета кога шиканирате вработени ја тужат службата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Спасовски противправно потпишувал решенија за прераспределба на професионалци на работни места оддалечени и повеќе од 200 километри од
нивното место на живеење. Незаконско дејствие за кое има и судска пресуда против МВР. Стотици вакви тужби и пресуди пристигнуваат на адреса на МВР.

Заев и Спасовски се во страв од неминовниот пораз на 12 април и затоа мислат дека со заплашување ќе влијаат врз граѓаните. Никој повеќе не им се плаши, ниту граѓаните, а уште помалку професионалците во институциите.

Во Република Македонија има закон, кој ќе се применува на сите недоследности, шиканирања и криминали кои се вршени во изминатиов период.

Одговорност ќе има како за нарачателите, така и за извршителите за сите незаконитости.

Нема да им помогнат ниту насилните обиди за смена на Актот на систематизација, кој доаѓаат на месец дена пред формирање на техничка Влада.

Бродот наречен СДСМ одамна е заринкан, неговото тонење е прашање на месеци. На 12 април следува целосно потонување на СДСМ, што ќе значи обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски