Американската армија изгуби дрон над Либија

Од:

Американската армија соопшти дека изгубила беспилотно летало над главниот град на Либија, Триполи, каде од април се водат борби помеѓу вооружени ривалски групи.

Американската команда во Африка соопшти дека дронот исчезнал додека ја следел безбедносната ситуација и екстремистичките активности.

Не се наведува причината за загубата на беспилотното летало, а истрагата е во тек
Американската армија во септември изврши неколку воздушни напади врз цели на Исламска држава во Либија при што загинаа 40 џихадисти.

По соборувањето на долгогодишниот либиски лидер Моамер ел Гадафи во 2011 година, Либија е нестабилна поради големиот број на вооружени групи кои се борат за власт и контрола над нафтените полиња.

Од летото 2014 година Либија политички е поделена на две влади – самопрогласената во источниот дел на земјата, со седиште во Тобрук, што е под контрола на воениот лидер Халиф Хафтар и меѓународно признаената влада со седиште во Триполи, предводена од премиерот Фајез ел Сараџ.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ