Си Џинпинг: Кина сака трговски договор, но може да возврати во случај на нови санкции

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпнг изјави денеска дека Пекинг сака да работи на трговски договор со САД, но не стравуваат да возвратат во случај на нови санкции на САД.

Истакнувајќи го позитивниот тон што го има Кина во последните неколку дена, Си во разговори со американска бизнис делегација во Пекинг рече дека неговата земја ги поддржува трговските преговори.

-Како што секогаш зборуваме, не сакаме да почнеме трговска војна, но не се плашиме. Кога е потребно, возвраќаме, но активно работиме за да немаме трговска војна, нагласи Си.

Тој додаде дека Кина сака да работи во првата фаза од договорот заснована на „взаемно почитување и еднаквост“.

Во делегацијата што учествуваше на новиот економски форум, што се одржа во Пекинг оваа недела, беа и поранешниот државен секретар на САД, Хенри Кисинџер, поранешниот министер за финансии, Ханк Полсон, поранешниот претставник за трговија на САД, Мајк Фроман и други официјални претставници.

За време на состанокот во Пекинг, Си повтори пред групата дека ставот на Кина е дека договорот бара „взаемно почитување и еднаквост“.

Волстрит Џурнал вчера објави дека главниот преговарач на Кина, вицепремиерот Лиу Хе, ги повикал своите американски колеги во Пекинг на понатамошни разговори, навестувајќи дека има надежи за напредок.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски