Вработена во армијата пријави обид за обљуба од колега

Од:

Вработена во македонската армија пријавила во СВР Куманово дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков“, потврди денеска МВР.

Настанот во кумановската полиција на 19 ноември во 19:20 часот, го пријавила вработената во АРМ.

– Пријавила дека на 18.11.2019 околу 13:00 часот во касарната „Боро Менков“ во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа, се наведува во соопштението на МВР.

Од полицијата информираат дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници