Шпански хуманитарен брод спаси 73 мигранти крај либискиот брег

Од:

Екипажот на шпанскиот хуманитарен брод „Опен армс“ спасил 73 мигранти кај либискиот брег.

Меѓу мигрантите имало четири жени, две деца на возраст од три и четири години, како и 24 малолетни лица без придружба, соопшти на Твитер оваа невладина организација.

„Опен армс“ наведува дека на мигрантите имало видливи траги од прострелни рани, како и дека поголемиот дел од нив биле во состојба на хипотермија.

Вториот хуманитарен брод „Оушен викинг“ во средата соопшти дека спасил 30 лица, исто така, кај либискиот брег, со што вкупниот број на спасени мигранти на овој брод се накачи на 125, пренесуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата