(ВИДЕО) Премиера во Театар комедија: „Вечера на глупаци“ на Стеријовска ќе ја стави публиката во воајерска позиција

Од:

На сцената на Театар комедија, утревечер во 20 часот ќе се одржи премиера на претставата „Вечера на глупаци“ во режија на Ирена Стеријовска. Станува збор за претстава која ќе направи деконструкција на четвртиот ѕид односно публиката ќе може да ја гледа актерската игра несекојдневно блиску.

„Со сценаскиот израз инспириран од филозофијата на познатиот француски надреалист Рене Магрит во неговата „Ова не е луле“ (ѕуку слика од лиле), во оваа претстава истражуваме за начинот на раскажување приказна и експериментираме со деконструкција на класичната физичка дистанца помеѓу гледашот и дејствието на приказната. Имено, гледачите се поставени во воајерска позиција, односно тие се самите обрач на станот во кој се случува дејствието. Тие директно и безмалку однатре го чувствуваат течението на приказната, што пак лично нив ги става во воајерска позиција од која ќе може да ги следат невообичаените ситуации што им се случуваат на протагонистите. Со тоа концептот на некој начин го коментира, па и го казнува ликот кој решава воејерски да им се исмејува на послабите од него, со тоа што му конструира ситуација во која и тој самиот е жртва на воејеризмот на публиката. Сметам дека театарот мора да станува се повеќе иновантен и атрактивен за публиката за истата да икма мотив да стане од своите домашни фотељи и да има желба да дојде во театар, рече режисерката Стеријовска на денешната прес конференција.

Претставата е подготвувана два месеци а креативниот тим го сочинуваат: Ана Кркулевска Попоски, сценографија и костимографија, Дарко Ристески асистент на сценограф, Алаксандар Јорданов, избор на музика и Владимир Димоски, дизајн на светло.

„Вечера на глупаци“ е приказна која го коментира виското француско општество, кое презаситено од се што може да се овозможи, креира систуации во кои ќе може да им се исмева на послабите и понеуспешните.

„Имено темата која се обработува е смислата на она што го чини човекот среќен и перпсективата од која тоа се доживува. Во дејствието се раскажува за еден претставник на високото општество, кој по серија случајни несречи што му се случуваат, заглавува на вечера со претставник на онаа група што планирал да ја исмева. Низ таа фарса од ситуации се отвора прашањето за тоа кои се вредностите што креираат квалитетен живот: дали тоа може материјално да се поседува и општествен сталеж, или способноста да се сочуствува и да се биде искрен? Земајќи ја предвид се поголемата поделеност на општеството на богати и сиромашни, на социјално прифатени и социјално несоодветни, оваа приказна ги открива и другите нијанси меќу крајностите, во кои може да се види дека среќата е апстрактен концепт, чија предвидливост и контрола порано или подоцна стануваат мит“, вели Стеријовска.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска