Куновска: Ќе работам за сузбивање на криминалот и трговијата со луѓе

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Јагнула Куновска на денешната трибина за „Трговија со луѓе“ вети дека ќе работи во насока на сузбивање на криминалот и на поголема едукација на граѓаните на општината за намалување на трговијата со луѓе.

– За да расчистиме со ова зло потребно е прво да се соочиме и да ја подигнеме самосвеста на луѓето за самозаштита. Ова е кривично дело кое е казниво со закон, рече Куновска

Таа додаде дека како адвокат има поголема можност да учествува во овие процеси и да им помогне на луѓето како да се соочат со ова зло.

Куновска рече дека ќе се залага на ниво на општина да има едукација на граѓаните за борба против трговијата со луѓе. Во контекст на тоа додаде дека овој проблем може да се реши преку поголема комуникација на луѓето бидејќи, како што посочи, доколку не се спречи трговијата со луѓе може да земе поголеми размери и да биде многу опасна.

Со цел сузбивање на овој криминал, Куновска истакна дека ќе покрене иницијатива за формирање на тело на ниво на општината кое ќе соработува со стручни служби и со Владата на Република Македонија.

– На овој начин ќе им помогнеме на родителите и на децата навреме да се спречат ваквите ситуации и последиците од нив, додаде таа.

Истражувањата покажуваат дека во Република Македонија најголеми жртви на трговија со луѓе се жените. Од вкупно 91 лице-жртви на трговија со луѓе, 99 отсто се жени, односно 90 лица се жени.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември