Дамјановски вети осовременување на добиточниот пазар во Којнаре

Од:

Осовременување на добиточниот пазар вети кандидатот за градоначалник од СДСМ Зоран Дамјановски, кој денеска го посети пазарот лоциран во Којнаре.

– Во програмата е предвидено урбанизирање на овој простор. Еден дел ќе биде наменет за магацински простор, а воедно заинтерисираните ќе имаат услов за развој за лесна и прехрамбена индустрија, вели Дамјановски.

Пазарот, како што истакна, има 4,5 хектари површина која може максимално да се искористи и да се подобрат условите за производителите и купувачите, а со подобрување на условите се допринесува за создавање на амбиент за развој на лесна индустрија која пак ќе овозможи намалување на невработеноста.

– Подобрување на хигиенско- санитарната состојба на добиточниот пазар е предвидено во програмата, додава тој.

Дамјановски денеска го посети и реонскиот пазар на булеварот „Октомвриска револуција” и на закупците им вети модернизирање на пазарот, осветлување и уредување на просторот околу овој пазар. Најави дека во  програмата е предвидено и целосно модерзнизирање на Зелениот пазар преку јавно приватно партнерство.

– Пазарот има површина од 10.000 метри квадратни и со јавно приватно партнерство ќе се доуреди. Во горниот дел се предвидени канцеларии, а во долниот дел ќе остане  продажбата на земјоделските производи, изјави Дамјановски.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226