(ВИДЕО) Вуинов: Казната за лажните ветувања на Дончев мора да го стигне на овие локални избори

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Виница, Венцо Вуинов од редовите на „Сојузот за иднината“, објасни колку актуелниот градоначалник Емил Дончев се грижи за жителите од населените места.

„Овде Емил Дончев вети дека ќе биде изграден асфалтиран пат кој би служел на граѓаните од Липец. Денес може да видиме дека дупките од земјениот пат сеуште постојат а од асфалтот нема ни А. Актуелниот градоначалник  Емил Дончев, за четиригодишниот мандат потроши осум милиони евра општински пари а граѓаните на Липец сеуште чекорат по калливите улици.

– Од ветувањата на Дончев ни трага ни глас,ниту пак подобри услови за живот. Уште една потврда дека слоганот „Избери дела“ е лага и манипулација со граѓаните на Липец. Казната за лажните ветувања на Емил Дончев мора да го стигне на овие локални избори.

– Јас како градоначалник, ветувам дека овој локален пат ќе го изградам и ќе го ставам во функција на жителите од ова населено место“, изјави Венцо Вуинов, кандидат за градоначалник на општина Виница.

Би можело да ве интересира

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски

Косово на прагот на нови предвремени избори

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз