Безживотно машко тело е пронајдено изутрината во напуштена полупразна викендичка над Тетово на патот за тетовското Кале.
Екипи на полицијата, истражен судија и обвинителството, по пријава на гражанин, излегле на терен и во една од просториите на викендиќката го пронашле телото на М.И.(32) обесен на кожен ремен. На телото немало траги на насилство, а во просторијата биле пронајдени таблети и шприцови, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Првичните сознанија укажуваат на самоубиство, но по наредба на истражен судија ќе биде извршена обдукција по што ќе се знае точно како настапила смртта.