Ештон: Дачиќ и Тачи можат да постигнат договор

Од:

Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон денес во Брисел оцени дека премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи можат да постигнат договор, во дијалогот, но само доколку најдат решение за проблемите кои ги имаат.

Ештон зборувајќи на Бриселскиот форум на кој се собираат политички личности од Европа и Америка, нагласи дека овие денови во Приштина и Белград разговараше со членовите на владата на двете земји и додаде дека помеѓу нив постои вистинска волја проблемот да се реши.

-Ќе направам се што можам за да успеам во тоа – истакна Ештон и нагласи дека многу го почитува потегот на премиерите Тачи и Дачиќ, кој сакаа да седнат на маса и да се сретнат по шести пат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија