Кривични пријави за пет лица за фалсификување исправа и злоупотреба на службена положба

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против двајца кумановци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Кривична пријава доби и 57 годишно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и ДПГТУ „КООП Инженеринг“ – ДОО Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Лицата од Куманово, вработени како машински, односно градежен инженер во „КООП Инженеринг“ Куманово, на 29 ноември минатата година изготвиле и своерачно поптишале Градежен дневник и Градежна книга со невистинита содржина дека наводно градежните работи според основниот проект „Реконструкција на локален пат во селото Близанци“ биле во целост завршени, иако воопшто не биле ни започнати.

За овој проект „КООП Инжинеринг“ Куманово, претходно било избрано како најповолен понудувач и градежните работи требало да ги заврши на 29 ноември минатата година.

Ваквите документи со невистинита содржина, лицето од Скопје во својство на надзорен орган со лиценца, назначен од страна на инсвеститорот, општина Кратово, со писмен налог за вршење на стручен надзор над градби во општина Кратово за 2018 година, со свој потпис како вистинити ги оверил, по што изготвил и со свој потпис и печат заверил Завршен извештај и Извештај за извршен Технички преглед од надзорен инжинер за објект „Реконструкција на локален пат во с.Близанци“ со невистинита содржина.

Врз основа на вака изготвените документи, како што се наведува во соопштението, општина Кратово на правното лице на 28 декември минатата година му исплатила 2.189.771 денари и на тој начин правното лице се стекнало со противправна имотна корист за наведената сума, а на штета на Буџетот.

Би можело да ве интересира

Повредена скопјанка на концерт во КИЦ, врз неа паднала решетка од вентилација

Во „киа“ стуткани 10 мигранити, фатен криумчар во Гевгелија

23-годишник сексуално злоставувал петгодишно девојче

Катерина Ѓуровски

Разбојништво во Скопје: го претепале за да му земат 8.800 денари

53-годишен скопјанец тепал дете со клоци и тупаници на улица, го удрил со рачка од нож и му ги исекол гумите на велосипедот

Убиен жител на Конче за време на лов, во него случајно пукал друг ловџија

Катерина Ѓуровски