(ВИДЕО) Костадинов: Дали долгот од 400.000 евра е причина зошто ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на директорот на ДЗР?

Од:

„Молкот во ВМРО-ДПМНЕ е индикатор за прикривање на голем скандал, нова афера поврзана со начинот на финансирање на изборната кампања.

Јавно објавените информации, финансискиот извештај, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска.

Тоа е спротивно на член 71 од Изборниот законик каде е наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. Затоа молчи ВМРО ДПМНЕ“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Дали токму овој незаконски долг од 400.000 евра е причината што ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на прв човек на Државниот завод за ревизија?

Се плаши ли ВМРО-ДПМНЕ дека независна институција ќе поведе постапка и ќе ги истражи сите индиции за нивното непочитување на законот?

Одговорност мора да има.

Надлежните институции мора да извршат детални анализи и да излезат со одговори пред јавноста.

Институциите се на потег.

За овој нов скандал во ВМРО-ДПМНЕ одговороност мора да има“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време