Израелската војска соопшти дека пресретнала денеска четири ракети испукани од Сирија, поради што се огласија сирени, а експлозии во Дамаск се слушнале набргу потоа.
Во соопштението се вели дека не е направена штета врз израелските заедници во Голанската висорамнина откако сирените ги разбудија жителите во раните утрински часови.
Засега нема официјален коментар на Сирија, но државната агенција Сана објави дека се слушнале експлозии на меѓународниот аеродром во близина на Дамаск.
Израелската војска не ги коментираше експлозиите во Сирија, но израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет свика состанок на воениот врв во Тел Авив.
Министерот за надворешни работи Израел Кац изјави за военото радио дека Израел ќе одговори „на соодветен начин“.