Интронизацијата на папата Франциск ќе биде повод за тридневни свечености во неговата родна Аргентина, пренесоа американските медиуми.
На денот на самата интронизација, на 19 март, во црквите низ земјата ќе има литургии за неговото здравје, а сите црковни камбани, точно на пладне по локално време, ќе почнат да бијат празнично.
Уште во недела во катедралата во Буенос Аирес ќе се отслужи свечена литургија во чест на поранешниот архиепископ на престолнината Хорхе Бергољо, кој во средата беше избран за папа. Литургијата ќе се оддржи во 14,30 часот по Гринич.
Во понеделник млади католици ќе се соберат на емблематичниот плоштад „Мај“ за колективна молитва за првиот латиноамерикански папа во историјата на Римокатоличката црква. Молитвата ќе почне во 9 часот по Гринич и директно ќе се емитува на телевизија.
Самата интронизација на папата ќе се емитува на 19 март на огромен екран пред илајдници Аргентинци на плоштадот „Мај“, на кој се наоѓа и катедралата во Буенос Аирес.