САД му се заканија на Египет со санкции заради намерата да купи руски ловци, пренесоа руските медиуми.
-Можното купување руски авиони-ловци ќе го изложи Каиро на ризик од санкции од страна на САД, изјави американскиот помошник државен секретар за политички прашања Кларк Купер, за време на меѓународната авио изложба „Дубаи 2019“.
Според претставникот на Стејт департментот, добивањето на руските ловци, исто така, Египет ќе го стави под сомнение за можноста во иднина повторно да купува американска опрема и оружје.
Купер, исто така, кажа дека Вашингтон го информира Каиро за ризиците од склучувањето на договорот со Русија.
Претходно „Вол стрит џорнал“ информира дека Пентагон и Стејт департментот во заедничко писмо ги предупредиле египетските власти за можното воведување ограничувачки мерки во случај на купување на руските ловци „Су-35“.
Според весникот, првите луѓе на американските министерства за одбрана и за надворешни работи Марк Еспер и Мајк Помпео ги повикале своите египетски колеги да ја откажат нарачката за „Су-35“.
Коментирајќи ги овие информации, рускиот сенатор Алексеј Кондратиев го обвини Вашингтон за прекршување на меѓународните правила за трговија со оружје. Тој забележува дека на силно конкурентниот светски пазар Американците во многу области се обидуваат активно да ја применуваат праксата на притисок од санкции.