ВИДЕО: Заменети јапонските цреши – Шилегов ја обвини претходната власт дека не се грижела за нив

Од:

Засадени се 18 нови стебла јапонски цреши што Градот Скопје ги обезбеди како донација во соработка со Европската банка за обнова и развој, која ги донираше садниците. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека сите дрва биле заболени и затоа единствена опција била да се исечат и заменат со нови. Првично бил направен обид да се излечат јапонските цреши на улицата „Максим Горки“, но како што вели, се работело за габична инфекција која ги зафатила стеблата и не можеле да се спасат.

„Уште во 2017 е утврдено заболување на овие сензитивни дрвја , не можевме да ги спасиме и, за жал, цел дрворед е отстранет. Засадени се уште во 2000 година и ако се земе предвид дека имаат и краток животен век, тие ја достигнале и својата старост. Благодарение на ЕБОР како пример за општествено одговорна компанија имаме нов дрворед и во наредните 30 години ќе имаме нови расцутени јапонски цреши. Сакам да потенцирам дека не сечеме дрва за да градиме згради туку ги отстрануваме старите и на нивно место садиме нови. Исто така садиме и таму каде што нашите претходници го уништија зеленилото, а за тоа пример е малиот ринг, кој целосно беше уништен со проектот ‘Скопје 2014’“, рече Шилегов.

Шилегов рече дека не знае која е причината за болеста на јапонските цреши и обвини дека претходната власт не се грижела како што треба за исечените дрвја.

„Не знам како се грижеле за нив, но очигледно не се водело доволно сметка за нив. Ние ќе се трудиме да го спасиме секое дрво. Секое исечено ќе го замениме со ново“, рече Шилегов.

Садниците се дел од јавна набавка на Општина Центар, со која се обезбедени 50 стебла. Дел се засадени на „Максим Горки“, а останатите ќе бидат засадени на други локации каде што имало исечени дрвја.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух