Во Венецуела, се запленети 4,8 тони течен кокаин. Веста за големата заплена ја соопшти министерот за правда Тарек Ел Аисами.
Во акцијата се уапсени три лица осомничени за шверц на дрога. Припадници на Националната гарда го откриле кокаинот во буриња кои биле помешани со други буриња со нафта.
Кокаинот требало да биде префрлен со брод во Мексико, земја која често се користи како транзит за шверц на дрога во САД.
Ова е најголема заплена на дрога во Венецуела од почетокот на годината.