Митинг на ДУИ во Дебар

Од:

ДУИ на локалните избори во Дебар очекува голема победа на кандидатот за градоначалник Ружди Лата и кандидатската листата за советници во која има и кандидати од редовите на Партијата за Европска идина и Нова демокератија, со кои ДУИ е во коалиција.

– Новото раководство на локалната власт ќе ја има целосно поддршка на централната власт и ќе се развива со засилена динамика, ова вечерва во Дебар го изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Кандидатот за градоначалник Ружди Лата рече дека Дебар има кадровски потенцијал со реализација на бројни проекти во сферата на инфраструктурата да го врати својот углед.

Тој вети дека ќе го санира системот за наводнување на дебарското поле и ќе го реконструира целосно градскиот плоштад.

– Очекуваме големи инвестиции од нашите иселеници кои се бројни во САД и ќе сториме се Дебар да се развива забрзано и на економски план, рече Лата.

Тој најави изградба на современи патишта кои Дебар ќе го поврзуваат со Кичево и Струга.
Актуелниот градоначалник на Дебар и претседател на огранокот на ДУИ Аргетим Фида истакна дека кандидатот Ружди Лата покрај поддршката од ПЕИ И ДР, веќе ја има добиено и поддршката на ограноците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ТДП и Партијата на Ромите.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември