ВИДЕО: Заев вети еднаква застапеност на жените на изборните листи

Од:

Премиерот Зоран Заев на обраќањето на денешниот Форум на жените на Социјал демократскиот сојуз на Македонија на кој беше одбележан нивниот 20. роденден, им вети родова еднаквост и 50 отсто застапеност во парламентот до крајот на неговиот мандат.

„На роденден не се доаѓа без подарок а јас денеска ви го подарувам моето срце. Ветувам дека до крајот на мојот мандат застапеноста на жените во извршната власт ќе биде еднаква со застапеноста на мажите. Горд сум на сите вас и ви благодарам за сите успеѓни битки во кои учествувате безрезервно. Ние ќе бидеме првата политичка партија кај нас која во своите редови ќе има рамноправна родова застапеност“, рече премиерот Заев.

На денешниот Форум на жените што се одржа во салата на Македонската опера и балет беше одбележана 20. годишнината од основањето и неколку пати беше потенцирано дека од занемарлив процент на 4 отсто жени во парламентот со сите заложби денеска овој процент е поголем од 30 остсто.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ