(ВИДЕО) Шекеринска: Промените бараа заедничка храброст, мажи и жени покажаа храброст, затоа беше можен и државниот успех

Од:

Храброста беше неопходна кога пред само три години свртивме нов лист во историјата на нашата земја. Бевте со нас. Бевме на улици и по плоштади. Бевме на удар и под постојан притисок. Бевме храбри и донесовме промени. Жени и мажи, заедно! Без тој усех немаше да биде можен државниот усоех денес, порача заменик претседателката на СДСМ на одбележување на 20 годишнината од Форумот на жени на СДСМ.

-Промените бараа храброст и претходно! Кога ја водевме битката за првата квота за жени во Македонија. Успеавме. Кога ја водевме следната битка. Тој успех никогаш немаше да биде можен државниот успех – да вградиме квоти за парламентарните и локалните листи, рече Шекеринска.

Пред 20 години бевме амбициозни кога баравме квоти за застапеност, но успеавме. Затоа и денес ве повикувам да продолжиме да бидеме амбицизони, дека имаме цел која се уште не е остварена ама е достижна. Да продолжиме да бидеме амбициозни, повторно да бидеме први и да ја оствариме 50-50 застапеноста, повика Шекеринска.

-Да бидеме први повторно, затоа што немаме време за чекање. Затоа што е срамота што нашите млади колешки треба да минат низ истите стереотипи, кал и обвинувања низ кои минувавме и ние пред 10 години. Да бидеме први затоа што покажавме дека Не е сеедно. Не е исто. И бројките значат.

Токму сега, кога го добивме историски најголемиот број на жени пратенички од СДСМ и коалицијата. Токму сега, кога го имаме историски најголемиот број на жени министерки во Владата. И тоа сите од СДСМ и нашата коалиција. Токму сега кога важните ресори на правда, финансии, труд и социјала и одбрана се раководени од жени, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме