ВМРО-ДПМНЕ: Јовче Ременски, висок функционер во УБК, изнесувал класифицирани информации и докази и ги чувал во сопствениот дом

Од:

„СДСМ го крахираше безбедносниот систем на Република Македонија. СДСМ ги загрозува НАТО аспирациите преку непочитување на принципите за постапување со класифицирани информации.
Соработникот на Зоран Заев, Јовче Ременски, висок функционер во УБК, а сега АНБ, изнесувал класифицирани информации, списи и докази и ги чувал како архива во сопствениот дом, спротивно на сите закони и процедури.

Пронајдените документи со имињата на сите инволвирани полициски службеници, сведоци, докази и соработници во случаите Монструм и Диво Насеље во домот на Јовче Ременски, отвораат сомнеж за неговите намери“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали соработникот на Заев, Јовче Ременски, со тие информации имал намера да уценува, да се заканува или да заштитува некое од тие лица? Дали Јовче Ременски е вмешан и во бришењето и исчезнувањето на двата телефони на неговата сопруга, осомничена во случајот Рекет?

Агенцијата за Национална Безбедност е под целосен сомнеж дека е под контрола на СДСМ и соработниците на Заев, како што е Јовче Ременски. Од таму нема ниту отворена постапка за истрага на случајот, ниту суспендирање на Ременски. Сите од власта молчат за овој скандал.

МВР и Оливер Спасовски очигледно е дека не можат да гарантираат за безбедноста на материјалите, а не пак да гарантираат за безбедноста на целата држава. Уште колку функционери ма СДСМ си имаат дома архиви од класифицирани материјали?

Криминалните афери се множат, а властите молчат и се штитат еден со друг. Одговорноста ја одбегнуваат, но не за долго. Граѓаните не сакаат да живеат во крахирано општество. Тие ќе бидат тие кои што ќе ја пратат СДСМ во историјата на 12 април 2020 година“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ