А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Проди: Проширувањето на ЕУ треба да продолжи и покрај кризата

by А1он15/03/2013 - 20:52129
Share0

Поранешниот премиер на Италија и претседател на Европската комисија Романо Проди изјави дека проширувањето на Унијата, и покрај заморот и кризата во ЕУ, треба да продолжи, но само со државите од Балканот. Проди, кој зборуваше во фондацијата Карнеги во Вашингтон, оцени дека Македонија требала да биде трета членка на ЕУ од поранешна Југославија, но економската кризае главна причина за застојот.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Македонија направи фантастичен напредок и мислев дека ќе биде една од првите земји за влез, но поради кризата и заморот од проширување во ЕУ овој процес беше запрен по Словенија и Хрватска. Трет вагон во возот за проширување беше Македонија, но ова беше прекинато од европската криза. Процесот на проширување мора да продолжи бидејќи прогресот на земјата е поврзан со тоа, изјави Проди во фондацијата Карнеги.

Според Проди, ЕУ би требала и покрај кризата, да ги отвори преговорите со Македонија, и воопшто да ги продолжи интеграциите. Проди смета дека ЕУ треба да потпише договори за стабилизација и асоцијација со Украина, Ерменија и Грузија, но со цел овие држави да влезат во партнерски односи со ЕУ, а не целосно членство во Унијата.

eu

Би можело да ве интересира

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Горан Наумовски21/06/2026 - 21:06

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Горан Наумовски21/06/2026 - 13:31

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 17:53

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Горан Наумовски18/06/2026 - 14:28

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски17/06/2026 - 14:2917/06/2026 - 15:13

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина

Горан Наумовски17/06/2026 - 14:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто