„Пред да се раздени“ на Есма и Влатко ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Малме.
Откако „Империја“ беше повлечена поради низа негативни коментари, беше снимена оваа нова песна.
Текстот е на Магдалена Цветковска, а музиката ја напиша нејзиниот брат Лазар Цветковски, заедно со Дарко Димитров, во чие студио се снимаше нумерата.