(ВИДЕО) Заев: ВМРО-ДПМНЕ и Димовски да не го кочат изборот на директор на Државниот завод за ревизија

Од:

Ние сме демократи но имаме должност пред граѓаните и пред државата, недозволиво е да се блокираат институции. Повикувам да се донесат одлуките во интерес на граѓаните, да се одблокира работата на Државниот завод за ревизија, порака претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на граѓанска трибина во Велес.

-Се кочи работата на Државниот завод за ревизија. Луѓето таму два месеци немаат земено плата. Апелирам со причина од овде од Велес, затоа што претседателот на собраниската Комисија од ВМРО-ДПМНЕ е Илија Димовски. Знам дека тој е партиски војник но на сите на прво место ни е државата. Советот на јавни обвинители е загрозен, Судскито совет исто така. Одлуки носи Собранието но треба да се носат во интерес на граѓаните и како што мислат и членовите на парламентот но одлуки мора да се донест. За да може порано да ги доживееме реформите во правосудството, рече претседателот Заев на граѓанската трибина во Велес.

Потребен е целосен ветинг во судството, порача претседателот на СДСМ.

-Создадовме амбиент соодветен, донесовме закони, секој обвинител и судија да работи независно. Еве денеска имаме специјални обивнители во затвори, затоа што законот важи еднакво за сите, што беше мисловна именка пред 2 години. Но, слободата, не дозволува да застаруваа предметите ниту да нема одговорност. Баравме целосен реизбор во судството, не дозволи Европа затоа што секој треба поединечно да одговара а сме немале ресусрс од каде да надоместиме тој дел од праводуството. Еве овде од велес кажувам тоа што веќе беше јавно објавено: целосен ветинг во прасудството ќе има, и во судството и во обвинителството, рече Заев.

Тој додаде дека горчината кај граѓаните е голема и тие со право реагираат и порача дека никој нема да се спаси од одговорност.

-Целата вистина ќе ја дознаеме и на крај сите ќе си одговараат. Никола Груевски е главата на криминалните дела, тоа треба да го докаже судот. Ако народот прави притисок на министрите, на сите, треба и судството да работи. Мора да си ја средиме државата, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија

(ВИДЕО) СДСМ: Борко Ристовски е капитен на распадот на спортот во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи