СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со заеднички митинг во Струга

Од:

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ утре вечер во Струга ќе одржат заеднички митинг во Домот на културата во овој град. На митингот според информации на А1 ќе биде промовирана заедничката советничка листа и заедничкиот кандидат за градоначалник Владо Кочоски. За сега нема информации дали некој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ од Скопје ќе дојде во Струга, додека од СДСМ ќе присуствува Игор Ивановски.

За прв пат во дваесетгодишната независност на Македонија, двата најголеми политички противници заеднички ќе се претстават пред граѓаните што никогаш досега никој ниту помислувал дека може да се случи тоа. Носител на заедничката советничка листа е претседателот на ОК на СДСМ во Струга, Ристе Чушкоски.

Кандидатот за градоначалник Владо Кочоски, очекува дека изборите ќе поминат во мирна атмосфера и дека нема да има полнење на кутии, ситуација која во струшко беше карактеристична изминативе изборни циклуси.

„Мислам дека работите одат на подобро во однос на контрола на гласачките места. Договрено е да имаме на секое избирачко место од сите поголеми партии за време на сите 12 часа да има луѓе. Договорено е да има поголемо обезбедување, а договрено е и со полиција да водат поголема контрола. Имавме разговори и со ОБСЕ, јас и моите против кандидати на една заедничка средба предложивме до нив како да имаме побезбедни избори“ рече за А1 Кочоски.

Кочоски очекува во новиот совет на општината ќе бидат застапени со најмалку 13 советници.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме