(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ и Заев на наставниците и професорите им кратат 1.100 евра годишно од тоа што им следува според колективниот договор

Од:

„Зоран Заев и СДСМ водат манипулативна политика кон професорите и наставниците од основните и средните училишта.

Професорите и наставниците од основните и средните училишта се оштетени од политиките и манипулациите на Зоран Заев и СДСМ.

Замислете, покрај покачувањето од 10% и тоталното непочитувањето на колективниот договор од 2010 година за просветарите, СДСМ и Заев им кратат од платите секој месец на професорите и наставниците по 5.660 денари“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во една година секој еден наставник земал плата 1100 евра помалку од тоа што му следува според колективниот договор.

Ги повикуваме СДСМ и Заев да почнат со исплаќање на платите според колективниот договор потпишан во 2010 година каде што платата ќе им изнесува според коефициентот на сложеност за пресметка на плата од 2,533, кој се множи со минималната плата и во тој случај платата ќе им изнесува 31.660 денари.

СДСМ и Заев мора да прекинат со манипулативниот популизам.

СДСМ и Заев мора да сфатат дека на наставниците и професорите не треба да им ја потценуваат интелегенцијата, бидејќи тие се столбот на општеството и ги учат нашите деца.

Веднаш по 12 април следува Обнова на Македонија. Ние не ветуваме популистички мерки, ние не ветуваме како Зоран Заев се само за да дојдеме на власт, ние само ќе работиме согласно Уставот и Законите. Законот вели дека треба да се почитува колективниот договор од 2010 година и така и ќе биде по 12 април“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ