Мас: Балканот меѓу задачите на германското претседавање со ЕУ

Од:

Германија го презема претседателството со Европската унија во јули идната година, при што министерот за надворешни работи Хајко Мас објави дека една од задачите на Берлин ќе биде стабилизирање на Западен Балкан преку приближување во Унијата.

„Пред нас се големи задачи: водење фер трговска политика, поттикнување идни поблиски врски со Велика Британија, поддршка на нашите источни и јужни соседи во реформите и стабилизирање на Западен Балкан со приближување кон Европската унија“, напиша Мас во авторски текст во „Франкфуртер рундшау“.

Тој рече дека Германија ќе се залага за силна и суверена Европа што би дејствувала по-стратешки и по-одлучно во надворешната политика.

Во година кога се одржуваат претседателските избори во САД, ЕУ, смета Мас, мора повеќе да се инвестира во трансатлантското партнерство.

Тој најави самит во септември 2020 година на Кина и ЕУ.

Според него, ЕУ треба да дејствува побрзо и поефективно во управувањето со кризи во Сирија, Либија и зоната Сахел во Африка.

Мас исто така вели дека Германија сака да формира центар за цивилно управување со кризи за време на претседателството што ќе ја зајакне улогата на Европа како сила за мир.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ