Еден од повредените работници во Макстил на КАРИЛ, тројца на домашно лекување

Од:

Еден од четворицата повредени работници во несреќата што се случи изутрина во фабриката „Макстил“ во Скопје е згрижен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ и е во стабилна состојба, а другите тројца се пуштени на домашно лекување. Од истекување течен метал во челичаната избувнал пожар, кој е изгаснат, а на терен постапува Државниот трудов инспекторат, информираа надлежните институции.

-Во СВР Скопје во 07:53 часот е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ се донесени Н.Н.(45), Е.В.(27), С.С.(48), сите од Скопје и Б.М.(35) од скопско, кои се здобиле со повреди на работно место, во „Макстил“. Од четворицата повредени, еден е потешко повреден и е згрижен на КАРИЛ, а другите тројца се пуштени на домашно лекување, информираа за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарникари од Единицата за противпожарна заштита на град Скопје.

– Во седум часот е примена дојава од Макстил за истекување течен метал од челичаната. Интервенирано е со четири возила и 12 пожарникари. Интервенцијата заврши во 8: 40 часот, изјави за МИА командантот на Единицата за противпожарна заштита на град Скопје Владимир Симоновски.

Од МВР истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари