За во понеделник (18 ноември) кофинансираните приватни специјализанти најавија на протест пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што нивните специјализации не се вклопуваат во Законот за здравствена заштита.Во најавата за протестот велат дека нивната плата изнесува колку просечна плата во државата, која е пониска од минималната плата на лекар од општа медицина со 360 кредити образование.
„И покрај тоа што земаме пониска плата од нашите колеги кои немаат никаква обврска кон државата (ниту да работат во одредена институција, ниту да враќаат енормни суми на државата), плаќаме одреден дел од нашата партиципација за специјализација сами и годините што треба да ги одработиме за установата се исти како и државните специјализанти, финансиите што треба да ги вратиме се повисоки од тие на државните специјализанти кои се во однос 1:2 а ние кофинансираните се уште остануваме со однос 1:5 (5 пати повисоки од износот кој што е кофинансиран) доколку би се откажале од истата (беше направен обид за коригираање на одност 1:5 во 1:2 со отварање на ЗЗЗ по скратена постапка на 24.07.2019 за кофинансираните специјализанти, но неуспешно и не се спроведува) Тоа е огромна празнина во законот и крајно нефер обврзувачки договор“, велат организаторите.
Покрај ова, забележуваат што на дел од нив не им се исплатени патни трошоци и дежурства.Тие со протестот ќе побараат трансформација на работниот однос од определено во неопределено и решенија за проблемите во најкраток можен рок.
„Договорот за вработување во клиниката на неопределено време после завршување на специјализација има огромна правна празнина и можност за слободна интерпретација, така што после завршување на специјализација немаме загарантирано работно место“, велат специјализантите.