Децата кои родителите повеќе ги прегрнуваат имаат поразвиен мозок

Од:

Сите родители кои не можат да престанат да ги гушкаат своите деца, се на вистинскиот пат, а децата ќе им се заблагодарат еден ден за сите прегратки.

Поточно, научниците откриле дека прегрнувањето, како форма на физичка нежност, е многу важно за време на периодот на развој на бебињата. Нежноста изразена со допир го стимулира растот на мозокот и со тоа стануват попаметни.

Научниците во болницата во Охајо проучувале 125 бебиња кои се родени предвреме и оние кои се родени навреме, и анализирале како лесниот допир влијае на развојот на мозокот, перцепцијата, сознанието и социјалниот развој.

Истражувањата покажаа дека раното, нежно изразување на нежност од родителите има долгорочно влијание врз тоа како бебето реагира на нежен допир така што раната изложеност на прегратки може да им помогне на предвремено родените бебиња да се чувствуваат приврзани како нешто пријатно додека го стимулираат мозокот.

Допирот е чувството што прво се развива. Научниците откриле дека искуствата како доењето, допир на кожата, прегратки и слично, му помагаат на мозокот да се развие побрзо и да биде поздрав.

Веднаш штом ќе се роди бебето, време е да се допре кожата со мајката или таткото. Само држењето на вашето бебе во рацете за првиот час од животот ја нормализира телесната температура, отчукувањата на срцето и дишењето.

Резултатите покажале дека бебињата кои биле изложени на нежност додека биле во болница имаат посилна функција на мозокот. Значи, ако сте нежни за вашето бебе, ќе придонесете за развој на мозокот. физички контакт со вашето бебе или занишање на рацете прави огромна разлика во развојот на мозокот. Без оглед на животниот век, љубовта и нежноста се клучни за здрав развој.

Додека научниците се борат да откријат како нашиот мозок го асимилира допирот и како тоа влијае на развојот, родителите чувствуваат природна потреба да ги гушкаат и да ги разгалат своите деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска