Куманово: ДПСМ со три кандидати за советници

Од:

Во рамките на коалицијата „За подобра Македонија“, Демократската партија на Србите во Македонија, на претстојните локални избори, ќе учествува со три кандидати за членови на Советот во Куманово.

ДПСМ отвори 15 месни штабови во градот, а во трката ќе се борат докторот по стоматологија Бобан Јакимовиќ, професорот по физичко воспитание Саша Николиќ и дипломираниот педагог Жаклина Милинковиќ.

Од самиот избор на кандидатите може да се забележи дека ја следиме политиката на коалицијата предводена од ВМРО–ДПМНЕ, да промовираме луѓе признаени во своите средини, образовани, и секако личности кои имаат капацитет да ги препознаат потребите на граѓаните на Куманово и да се борат за нивно остварување. Убедени сме дека овие луѓе како и комплетната партиска структура на ДПСМ во овие денови успешно ќе ги презентира програмите на коалицијата „За подобра Македонија“ – изјави Бобан Јакимовиќ, кандидат за советник.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија