(ВИДЕО) Трајковска: Дрворедот на „Максим Горки“ на најбрутален начин беше искасапен од СДСМ

Од:

„Ова зад мене беше еден од најрепрезентативните дрвореди во Скопје на улица „Максим Горки“. Јапонските цреши кои беа посадени во време кога со Градот управуваше ВМРО-ДПМНЕ, денес на најбрутален начин беа искасапени од страна на градските власти на СДСМ.

Во време кога загадувањето руши рекорди, а граѓаните секојдневно се трујат од воздухот, наместо да се засадат нови дрвја тие ги сечат веќе постоечките.

Местото кое важеше за белег на Скопје, стана место на пустош и мизерија.

Со изговор дека се исушени ова е една од најмасовните сечи на дрвја во центарот на Градот“, рече Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со овој потег Шилегов и Богдановиќ покажаа дека нивните ставови за заштита на животната средина се лажни и манипулативни, додека ветувањата за разеленување на Градот и општината стана научна фантазија.

Истиве ликови докажаа дека не се кадарни и се тотално неспособни да се грижат за оние работи кои што им ги оставиле нивните претходници.

Шилегов и Богдановиќ се лицемерни. И работат на штета на интересите на граѓаните на општината и на Градот Скопје, и животната средина“, изјави Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО