Грција го продава храмот на Аполон

Од:

Грција го продава храмот на Аполон, тврди грчкиот неделник „Пондики“.

Археолошката атракција се наоѓа на плажа, која е дел од хотелски комплекс во Атина, што се нуди за продажба преку агенцијата за приватизација ТАИПЕД. За посета на храмот е потребна дозвола од сопственикт на хотелот, кој отсега може да биде и приватно лице.

Жителите на регионот и граѓанското движење „Алтернативно дејствување за квалитетен живот“ упатија повик до Владата, пратениците, политичките партии и судските власти итно да реагираат. Тие бараат итно запирање на постапката за продажба на археолошкиот храм и инфраструктурата, шумата и плажата во реонот.

Храмот на Аполон е откриен при ископувња во 1926-27 година и е со димензии 13 на 7 метри.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит