(ВИДЕО) Бендевска: Додека ДПМНЕ плука ние зборуваме со факти

Од:

Кампањата на ДПМНЕ за овие избори влегува во трагикомична фаза. Битолчани велиме: Кога неможеш некому мана да најдеш, барај му прша во косата, а притоа не се ни погледале во огледало, рече пратеничката Весна Бендевска.

Јас на нивната плукачка и навредувачка реторика, рече, ќе возвратам со факти, смешно е Талески да говори дека сме немале тим за успех и резултати , забораваат дека без малку сите директори што се дел од екипата на Талески имаат по неколку кривични пријави, а некои дури и завршија во притвор.

Кога говорат, вели таа, дека нам ни недостасувале дела, незнам на какви дела мислат, ако по тоа подразбираат, хотели во приватна сопственост, бензиски пумпи на патот кон Новаци, станови и дуќани во странство, тогаш јасно кажувам, дека ДА, такви дела зад нас немаме и нема ни да ги имаме по завршетокот на мандатот.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме