ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се што прави изминатиов период се сведува на лажење

Од:

„Зоран Заев и СДСМ ги лажат граѓаните како што ги лажеа пред изборите во 2016 година. Наместо лагите и манипулациите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди сигурност и развој.

Нова влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ по изборите ќе ги укине даноците за младите до 29 години кои заработуваат помалку од 6000 евра годишно. Намести квази мерки, ние нудиме применливи решенија.

СДСМ се што прави изминатиов период се сведува на лажење. Најголема лага и измама е со просветните работници кои наместо 36.660 денари пресметана согласно новата минимална плата ќе земаат за 10.000 денари помала плата“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и СДСМ ги лажат просветните работници и не им кажуваат дека со закон и Колективен договор им следува плата од 36.660 денари, и наместо законски предвидените средства им даваат многу помалку.

Власта врши измама и врз пензионерите на кои им зема 1500 денари изминативе години, за сега да им даде само 700 денари.

СДСМ ги лаже сите категории граѓани. Како што ги лажеше во 2016 година.

Најизиграни граѓани се земјоделците на кои им беше ветуван сигурен откуп и високи откупни цени, а останаа без ништо.

Зоран Заев и СДСМ се прочитани од граѓаните. На 12 април ќе отидат во опозиција. По 12 април следува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава