СДСМ: Димовски да не се крие во глувчешка дупка

Од:

„Денес, пратеникот Илија Димовски кој на “црниот понеделник“ си седеше во својата фотеља во Собранието и немаше ниту храброст да погледне во галеријата додека полициските специјалци на сила ги отстрануваа новинарите, го обвинува СДСМ за некакви сценарија. Наместо да се сокрие во “глувчешка дупка“ затоа што ги пушти низ вода луѓето со кои секојдневно комуницира, тој без минимум грижа на совест демонстрира невидена дрскост.

Зарем СДСМ ги отстрани новинарите од собраниската галерија? Зарем СДСМ самиот ги викна полициските специјалци брутално да ги исфрлат опозициските пратеници? Зарем СДСМ ги донесе партиските војници од државната администрација на протести пред Собранието?

Зарем СДСМ им нареди на Трајко Вељаноски и владејачкото мнозинство да го погазат Уставот, Законите и процедурите за да го донесат владиниот расипнички и криминален буџет?

За какви сценарија говори ВМРО ДПМНЕ?

На 24 декември, режимот на чело со Груевски и “фамилијата“ со партиско-полициски пуч со досега невидено насилство ја поништи парламентарната демократија и буквално го погази Уставот. Затоа казната од граѓаните ќе ги стигне“, пишува во реакцијата на Сојузот за иднината, на изјавата на Илија Димовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија