Арачиновец обвинет за неовластено поседување бомба

Од:

Основното јавно обвинителство – Скопје соопшти дека поднело обвинителен акт против едно лице за кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што се наведува во денешното соопштение на ОЈО-Скопје, при претрес на домот на обвинетиот во Арачиново, на 18 октомври, во фиока во плакар што се наоѓал во шупата, била пронајдена експлозивна направа – рачна бомба модел Ф1 од руско производство со експлозивно полнење од 60 грама тротил (ТНТ). Поседувањето на ваква експлозивна направа на граѓаните им е забрането со закон.

Истовремено, надлежниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.​

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва