Димовски бара морална и политичка одговорност од целото раководство на СДСМ

Од:

Целото раководство на СДСМ, вклучувајќи ги и Андреј Петров и Стевчо Јакимовски, кои вчера ги изнесоа во јавност сценаријата на СДСМ во последните 3 месеци, кои не биле плод на нивната таканаречена борба за слобода и демократија, туку биле резултат на тоа што партијата била сигурна дека ќе ги изгуби овие локални избори, треба да сноси морална и политичка одговорност.

Ова денеска на прес – конференција го побара Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Центарот за комуникации на партијата.

– Генералниот секретар на СДСМ и довчерашниот претседател на градската организација на СДСМ, признаа дека не се бореле за слобода и демократија, туку креирале лажно сценарио, со кое сакале да внесат хаос во Република Македонија и да си ги подобрат своите партиски позиции помеѓу граѓаните. Според нивното признание, во СДСМ уште пред неколку месеци биле свесни дека не уживаат поддршка од граѓаните на Република Македонија, рече Димовски.

Од СДСМ, посочи, свесно лажеле со најавата за бојкот на изборите за да креираат проблеми. Единствено нешто што правеле, смета Димовски, било надмудрување кој каде да биде кандидат, не за тоа кој ќе победи, туку за да изгуби на овие избори, како на пример во моментот кога Јакимовски призна дека бил свесен дека раководството го кандидира за кандидат за град Скопје, за тој да биде оној што ќе ги изгуби изборите од Коце Трајановски.

– СДСМ свесно ја воведе Република Македонија во неколку месечна политичка криза, го загрози меѓународниот углед на државата и внесе немир помеѓу граѓаните, единствено заради својата несопирлива желба за власт. Јавноста со право денес се прашува, дали на Македонија и требаше политичка криза само заради слабата поддршка што СДСМ ја ужива помеѓу граѓаните? Дали на Македонија и требаше нарушување на меѓународниот углед заради незнаењето на СДСМ како да го подобри својот рејтинг помеѓу граѓаните?, рече  директор на Центарот за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ.

Димовски потсети дека Стевчо Јакимовски и Андреј Петров, признале  дека нападот врз претседателот Велјановски, нападите врз пратениците, обидот за завземање на Собранието, кршењето на државен имот, блокадите на улиците, биле плод на однапред подготвено сценарио во врвот на СДСМ.

– Очигледно е дека врвот на СДСМ беше спремен да ја жртвува интеграцијата на Република Македонија во ЕУ, само за да дојдат на власт. Господата Петров и Јакимовски вчера сами признаа дека свесно го залажувале своето членство и јавноста во Република Македонија за бојкотот, за предверемените избори, за имање или немање на поддршка од меѓународната заедница, за датумите, … буквало за СЕ!, изјави Димовски.

Тој потенцира дека во оваа манипулација силна поддршка на СДСМ дале и нивните кандидатите за градоначалници.

– Ниту Александар Петревски во Охрид, ниту Зоран Дамјановски, кандидатот на СДСМ во Куманово, ниту Јани Макрадули, ниту Аце Коцевски од Велес, ниту Зоран Заев во Струмица не се интересирале и не се бореле за своите градови и за своите сограѓани. Овие и сите други се бореле единствено да ја спасат кариерата на Бранко Црвенковски, рече Илија Димовски.

Според него, ќе беше многу покорисно за граѓаните доколку СДСМ и нивните кандидати за градоначалници наместо да се занимаваат со креирање на хаос, предизвикување на политичка криза, и нарушување на меѓународниот углед на државата, да беа конструктивни и бар да напишеа реални и остварливи програми за овие избори.

Би можело да ве интересира

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ