(ВИДЕО) Макрадули: Ќе бидам градоначалник кој ќе работи за сите подеднакво

Од:

„Денес и симболично сме во Старата скопска чаршија за да го означиме обединувањето и мојот пристап за обединување на градот околу различностите. Јас се сеќавам кога бев мал, млад, овде вриеше од луѓе, вриеше од различни занаети, сите дуќани беа отворени. За жал, денес, сликата не е таква во Старата чаршија.

– Да продолжиме понатаму, после Старата скопска чаршија, ќе го видиме руиниран Бит пазарот, а овде од секогаш живееле и работеле, работливи и вредни граѓани на Скопје. Една од приоритетите во мојата програма, ќе биде привлекувањето и отворањето на нови работни места, особено за оние занаети и струки кои што изумираат. И затоа Градот Скопје и јас како градоначалник, ќе даваме стипендии во средните училишта за дефицитарните струки, а потоа, веднаш, тука ќе можат да отворат дуќан, за својот занает, исто со поддршка на градот Скопје.

jani-makraduli-carsija1

– Понатаму, бидејќи, градот нема вложено ниту еден денар во општина Чаир, а зема по 60% од секоја компанија, и многу даноци и од граѓаните, јас превземам обврска, да изградиме нов, модерен, современ Бит пазар, каде што трудот ќе се наградува, а граѓаните ќе уживаат кога ќе доаѓаат да пазарат и да носат продукти дома. Скопје не може да се развива, кога сите делови не се развиваат со исто темпо. Јас се кандидирам за градоначалник, кој ќе работи за сите делови на Скопје подеднакво, и за сите граѓани подеднакво“, изјави Јани Макрадули, кандидат за градоначалник на Скопје, по посетата на Старата скопска чаршија и средбите со дуќанџиите и пазарџиите.

jani-makraduli-carsija

Би можело да ве интересира

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ