Градоначалникот Талески најави изградба на три нови основни училишта во Битола

Од:

 Општина Битола ќе гради три нови училишта за основно образование, во три населени места кои долги години биле заборавени и запоставени, најави денеска актуелниот градоначалник и кандидат за уште еден мандат Владимир Талески.

Тој вети и реконструкција на 9 училишта и изградба на три нови на подрачјето на таа локална самоуправа.

– Континуитетот на соработка со училиштата и владината поддршка ќе ги остваруваме и со изградба на три нови објекти за основните училишта во селата Крклино, Карамани и Канино. Ние возрасните имаме обврска да создаваме услови за образование на младите, и ако досега стававме акцент на средното образование сега се посветуваме на основното обрзование, истакна Талески.

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески најави изградба на седум нови спортски сали во основните училишта во овој град.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември