Денешниот датум, 13 ноември, во 1991 година, е историски за фудбалот на овие простори, бидејќи за последен пат официјален натпревар одигра фудбалската репрезентација на поранешна СФР Југославија.
Во составот на Југославија на мечот во Виена беа и Македонците Дарко Панчев и Илија Најдоски.
Во тој состав кој со головите на Лукиќ и Савичевиќ ја совлада Австрија со 2:0 во последното коло од квалификациите за ЕП 1992, ги немаше хрватските фудбалери. Последен Хрват кој играше за Југославија беше Марио Станиќ во октомври 1991 против Фарски острови.
Селекторот Ивица Осим на „Пратер“ имаше тим со само 15 фудбалери, од кои во игра не влегоа само Најдоски и резервниот голман Лековиќ, а Панчев ги одигра сите 90 минути.