Петрески ја обвини ВМРО – ДПМНЕ за водење лицемерна кампања

Од:

Кандидатот за градоначалник на Охрид на коалицијата „Сојуз за иднината“ Александар Петрески на денешната прес-конференција ги оцени спотовите за поддршка на противкандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како злоупотреба на интелектуалци за водење лицемерна кампања.

Според него, додека неговиот противкандидат од коалицијата „За подобра Македонија“ промовира лажна љубезност, луѓето од вториот ешалон на ВМРО-ДПМНЕ зборуваат и обвинуваат наместо него, со единствена цел кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески да остане „пристојниот“ во кампањата.

За неговата програма Петрески нагласи дека во секој смисол таа е трипати пообемна од онаа на противкандидатот Бакрачески, забележувајќи оти не е битен форматот на кој е испечатена, туку нејзината содржината.

Петрески денеска ја посети Општинската организација на Црвениот крст, во својство на крводарител со над 25 дарувања. Тој и забележа на централната власт конкретно на Министерството за здравство за ветени, но неисполнети обврски за надомест од по 30 денари по единица дарувана крв во изминатата 2012 година.

– Тие средства во износ од 70 илјади денари општина Охрид денеска ги префрли на сметка на Општинската организација на Црвениот крст, за да може да се реализира предвидената крводарителска програма, истакна Петрески.

Би можело да ве интересира

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски