Бакрачески најави изградба на современа катна гаража кај Градскиот пазар во Охрид

Од:

Кандидатот за градоначаник на Охрид на коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Бакрачески денеска на граѓаните на Охрид им вети современа катна гаража на Градскиот пазар, објект, како што рече, што ќе го реши проблемот со паркинг-просторот во тој дел од централното градско јадро.

– Се наоѓаме на уште една од многуте локации на истрошени и неостварени ветувања. Сведоци сме дека во 21. век наместо да ги согледуваме придобивките од она што многу одамна требаше да биде изградено во сферата на урбанизмот во градот, денес се наоѓаме во ситуација да отпочнуваме проекти што многу одамна требаше да бидат изградени, изјави Бакрачески.

Тој потсети на ветувањата на локалната власт за решавање на проблемот со паркирањето во градот. – Наместо тоа, имаме узурпација на улици и тротоари, тотален хаос во сообраќајот и во уредувањето на паркинг-просторите, рече Бакрачески.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“ ја презеде одговорноста пред граѓаните да ги реализира сите незавршени, но и неотпочнати проекти, како што е катната гаража.

– Ветувам дека на ова место ќе изникне современа катна гаража, која ќе биде во функција на огранизирање на паркинг-просторот, ќе придонесе за надминување на сообраќајниот метеж во овој дел на градот, и посредно во поширокото централно градско подрачје, рече Бакрачески.

Тој потсети дека низградбата на катна гаража, заедно со проектот за покриен зелен пазар со сите придружни содржини, се дел од заложбите наведени во неговата програма насочени кон подобрување на инфраструктурата во градот и давање сосема нов, многу поубав лик на Охрид.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука